МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО “ПРЕСЛУША“ РАБОТНИЧКИ

08.09.2012 19:58
rabotnicki-rk-turnir-754x1024_resize

Во второто коло од меѓународниот младински турнир “Скопје 2012“, Металург Јуниор катастрофално го порази домаќинот на турнирот, екипата на Работнички. Резултатот од средбата е 28:13 (14:5).

На денешниот натпревар, Металург Јуниот од самиот почеток даде на знаење дека се освен висока победа не е наша опција. Веќе на полувремето водевме со девет гола разлика, дозволувајки им на домашните стрелци да постигнат само 5 гола. На крајот, дојдовме до победа од цели 15 гола разлика.

РК Металург Јуниор – РК Работнички  28:13 (14:5)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Алушовски, Пешевски, Талевски 3, Маркудов 1, Манасков 5, Бој.Маџовски 3, Борј. Маџовски 2, Нелоски 6, И.Крстевски 1, Г.Крстевски 3, Давитковски 2, Гинов, Матијашиќ, Стојановски и Бошковски 2.

Во првиот натпревар екипата на Преспа ги совлада гостите од Србија, Зачар, со резултат 25:22.

Утре се игра последното коло, а Металург ќе се сретне со тимот на Заечар.

Прочитано 320 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 3 =