МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО СОВЛАДА ТИНЕКС И ЌЕ ИГРА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО

19.03.2014 22:54
DSC_0343_resize

za tekst

Младите ракометари на Металург Јуниор го совладаа тимот на Тинекс Пролет и се пласираа во плеј-офот на македонското првенство, каде ќе се натпреваруваат заедно со РК Металург. Тинекс Пролет е совладан со резултат 27:21 (12:9), во меч во кој апсолутно ја заслуживме победата.

Видовме одличен натпревар чиј почеток им припадна на гостинските ракометари, кои во повеќе од половина од првото полувреме одржуваа минимална предност. Така беше се до 19 минута, кога Матијашиќ ни го донесе првото водство, 6:5. Од тој момент, па се до крајот на средбата, Металург Јуниор го диктираше темпото и го контролираше резултатот.

Крајниот резултат е и најголемата предност на нашите ракометари во текот на натпреварот.

Металург Јуниор, во втората сезона од настапите во македонската Суперлига, првпат ќе учествуваат во плеј-офот.

РК Металург Јуниор – РК Тинекс Пролет  27:21 (12:9)

РК Металург Јуниор: Кимевски (5 одбрани), Ивановски (3 одбрани), Даниловски (5 одбрани), Бошковски 2, Борј.Маџовски 1, Костески 1, И.Крстевски 1, Манасков 3, Велковски 4, Маркудов 1, Ставридис 1, Талески 4, Давитковски 3, Матијашиќ 2 и Палевски 4.     Седмерци: 3/4.         Исклучувања: 6 минути.

РК Тинекс Пролет: Грчевски, Петрушевски 5, Мајнов, Апостоловски 2, Јовановски, Коруновски, Петковски 4, Андоновски 2, Трајковски 1, Стојановски 1, Андовски 5, Томовски, Левковски 1, Николовски, Огњановски и Димовски.     Седмерци: 4/5.       Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 1.695 пати

(6) Коментари

  1. koga galerija?

  2. Bravo za igracite na Jovic 96/97 site ispadnaa dobri igraci uste da se vratat Neloski i Krstevski ke bide super, isto taka se nadevam deka ke se napravi i dobra selekcija od igracite rodeni 98/99.

  3. Sekoja cest za ovie mladi momcinja koi makotrpno rabotat.Povtorno odlicen bese Martin Velkovski koj sto bese strelec na 4 pogodoci.Isto taka ne smee da se zaboravi ucinokot na golmanot Danilovski koj zabeleza 5 odbrani vo najvaznite delovi od mecot.

  4. dali ke ima celosna snimka na mecov so prolet.

Напишете коментар


+ 1 = 6