МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГОСТУВАЈКИ ВО “АВТОКОМАНДА“ ГО ПОБЕДИ ТЕКСТИЛЕЦ

21.05.2013 22:15
DSC_03199_resize

za tekst

Во осмото коло од плејаутот на македонското првенство, Металург Јуниор ја совлада екипата на Текстилец, со резултат 30:26 (15:15). Иако се играше во “Автокоманда“, улогата на домаќин ја имаше екипата од Штип. Видовме нервозен натпревар, во кој непотребно зовреа страстите, што резултираше со три црвени картони и вкупно 30 минути исклучувања.

Металург Јуниор беше подобар во текот на целата средба, а Текстилец ги користеше слабите периоди во нашата игра и постојано се враќаше во игра.

DSC_0281_resize_resize

Поведе Јуниор и веќе во 5. минута создаде предност од три гола, 1:4. Водевме и со 3:6, во 12. минута, но веќе во 16. минута беше 6:7. Најголема предност во првиот дел имавме во 22. минута, 9:13. Сепак, Текстилец најде сили и на крајот од првиот дел на семафорот стоеше резултатот 15:15.

Во второто полувреме заигравме многу подобро и набрзо стекнавме предност од неколку гола. Во 39. минута беше 17:20, а веќе во 49. минута 20:26. Натпреварот заврши со резултат 26:30, за нашиот тим.

DSC_0314_resize_resize

РК Текстилец – РК Металург Јуниор  26:30 (15:15)

РК Текстилец: Атанасов, Стојановски 1, Мицев 3, Наков 1, Митков, Савев 4, Пешевски 8, Јовановски 2, Ангелов 4, Зафиров, Сарашов 3, Паневски и Арсов.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 минути.     Црвен картон: Митков и Атанасов.

РК Металург Јуниор: Кимевски, Даниловски, Ивановски, Бошковски, Гинов, Крстевски 2, Матијашиќ 2, Велковски 3, Маркудов 1, Палевски 1, Талески 5, Бој.Маџовски 3, Давитковски, Стојановски 1, Борј.Маџовски 6 и Костески 6.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 16 минути.   Црвен картон: Филип Талески.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драган од Скопје.

DSC_0346_resize_resize DSC_0387_resize_resize

Прочитано 708 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 5