МЕТАЛУРГ ЈУНИОР И ЗЕДЕ МЕРКА НА ЕКИПАТА НА ТЕКСТИЛЕЦ

16.11.2013 23:44
DSC_0270_resize_resize

za tekst

Металург Јуниор дојде до својата петта победа во машката суперлига, откако во “Автокоманда“ славеше над екипата на Текстилец , со резултат 27:21 (14:8).

Победникот се насети уште на самиот почеток, откако Јуниор во првите седум минути реализира серија од 5:0. Својот прв гол штипјаните го постигнаа дури во осмата минута. Одличните одбрани на нашиот голман Кимевски им овозможија на нашите ракометари да одржуваат постојана предност од 4 до 6 гола. Првото полувреме заврши со резултат 14:8.

Во првите минути од второто полувреме гостите се заканија со серија од 3:0 и ја намалија нашата предност на само три гола, 14:11. Многу брзо нашите ракометари ја повратија иницијативата и веќе во 48. минута дојдовме до највисокото водство од 7 гола, 22:15. Крајниот резултат од средбата е 27:21.

РК Металург Јуниор – РК Текстилец  27:21 (14:8)

РК Металург Јуниор: Кимевски (8 одбрани + 2 седмерци), Ивановски (4 одбрани + седмерец), Блажевски (1 одбрана), Костески 4, И.Крстевски 3, Манасков 3, Матијашиќ, Маџовски 1, Бешлиевски, Талески 4, Бошковски, Маркудов, Ставридис, Г.Крстевски 5, Велковски 4 и Палевски 3.      Седмерци: 2/2.      Исклучувања: 6 минути.

РК Текстилец: Атанасов, Петров, Мицев 4, Пенев, Поповски 3, Савев 3, Пешовски 5, Јовановски 3, Ангелов 1, Станков, Јовановски, Кипријановски, Арсов и Паневски 2.     Седмерци: 3/7.        Исклучувања: 6 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 1.143 пати

(2) Коментари

  1. А кој Манасков е овој во младиве? Истиот настапува во двете екипи ?

    • Во Јуниор настапува помладиот брат Мартин.

Напишете коментар


+ 3 = 7