МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЈА ЗАГУБИ СРЕДБАТА ПРОТИВ ЗОМИМАК ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА

18.04.2014 18:32
DSC_0073_resize

za tekst

Неверојатни се децата на Металург Јуниор. Во четири дена се сретнаа со трите најдобри македонски екипи и со сите рамноправно се носеа во најголемиот дел средбите. Во девет дена одиграа дури пет натпревари, а ако се земе дека најголемиот дел од нив беа и на младинските квалификации за пласман на ЕП, тогаш нивниот напор е просто херојски.

Денеска и Зомимак мака мачеше со нашите млади ракометари. Одамна не сме виделе порамноправна средба, која беше решена буквално во последната минута. На осум минути до крајот го имавме последното водство, 21:20, на две минути до крајот имавме бод, 22:22. Загубивме со резултат 23:24 (10:13).

Во првото полувреме блескаа Стефан Кимевски, кој одбрани 11 удари, и Горан Крстевски, кој постигна 5 гола. Во неколку наврати Зомимак создаваше разлика од 2, 3 гола, но Јуниор секогаш наоѓаше начин да се врати во игра. Полувремето заврши со резултат 10:13, за противникот.

Вториот дел помина во знакот на Јуниор и голманот Даниловски, кој собра 8 топки. Во 35. минута го израмнивме резултатот, 15:15, а потоа почна резултатската нишалка, која траеше се до крајот на средбата. Последен пат водевме во 52. минута, 22:21.

Јуниор загуби, но остави прекрасен впечаток, со што ја запали публиката во салата.

Тек на средбата: 1:1 (5 м.), 3:3 (10), 4:5 (14), 6:6 (16), 7:6 (18), 9:11 (25), 10:13 (30) – – 15:15 (35), 16:17 (38), 17:18 (41), 20:20 (47), 21:20 (49), 22:21 (52), 22:23 (59), 23:24 (60).

РК Металург Јуниор – Зомимак М  23:24 (10:13)

Металург Јуниор: Кимевски (11 одбрани), Даниловски (7 одбрана + еден седмерец), Бошковски 1, Бешлиевски, Борј.Маџовски, Костески 2, И.Крстевски 3, Манасков 4, Велковски 3, Маркудов, Талески 2, Давитковски, Матијашиќ, Бој.Маџовски 1, Г.Крстевски 7 и Палевски.      Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 4 минути.

Зомимак М:  Атанасов, Павловски, Младеновски 2, Стојанов, Тренчевски 4, Милосавлевиќ 4, Колев, Шалевски 1, Босеовски, Стојановски, Ангеловски 2, Спировски, Чантурија 8, Митревски, Караиванов и Везенковски 3.       Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 12 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Прочитано 2.094 пати

(6) Коментари

  1. Vie ste idninata na makedonskiot rakomet.Danilovski povtorno dokazuva zosto e eden od najdobrite mladi golmani vo svetot.Belkim selektorot Petkovski ke gi otvori ocite i ke go povika ova mlado momce da brani za mladinskata reprezentacija na pretstojnoto Evropsko Prvenstvo koe kje se odrzi vo Avstrija.I da ne zaboravam da napomenam povtorno odlicna predstava na Martin Velkovski koj izrasnuva vo golem igrac.

  2. Vaka sledam povise vreme Bosko Buha si pisuva redovno SAMO i SAMO za Danilovsli pa sakam da prasam u kakva rodninska ili prijatelska vrska ste….A za reprezentacijata ne se zemeni nekoj mnogu pokvaitetni od nego zato ako moze da prestanis so vakvi komentri. pozdrav

  3. Povise vreme pratam vaka na sajtoc i gleda deka Bosko Buh pisuva SAMO i SAMO za Danilovski pa sakav da prasam u kakvi rodninski ili prijatelski osnosi ste.. A za reprezentacijata ima mnogu pokvalitetni golmani koj ne se u nea taka da malku poleka so izjavite.

  4. Komentarot e odlicen samo neznam zosto Bosko Buha ne go napisal istoto deka Danilovski e idninata I najdobar mlad svetski golman posle nadprevarot so Metalurg ? Najverovatno ne mu odese vo prilog toa sto Danilovski na toj nadprevar bese izbusen kako svajcarsko siremje za razlika od onoj koj branese pred nego .

    • Zboruvame za dete koe sto e 97 godiste.Natprevarot so Metalurg bese se samo ne ozbilna predstava na dvete ekipi.

  5. Do Pirat .Momche dali m u e sin ili brat Danilovski na Boshko Buha nema nikakvo znachenie.Najvazhno e toa dali ima vistina vo negovoto mislenje. Danilovski ne e zemen vo reprezentacija.Boshko Buha predlaga da go zemat vo reprezentacija.Na kvalifikaciite vidovme deka Ivanovski branesse tri natprevari po 60 minuti.Zamena nemashe,Danilovski e najkvaliteten golman gen-97. vo Makedonija.Ivanovski e tri godini postar od Danilovski.Ako ima nekoj podobar kazhi da go zemat u reprezentacija,da go zemat u Metalurg .Pirat odPrilep ili Bitola bidi konstruktiven,a ne destruktiven.Po pishanoto se gleda deka ne si Pirat,,tuku od Zapadna Makedonija.

Напишете коментар


− 2 = 5