МЕТАЛУРГ ЈУНИОР НЕ УСПЕА ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР

03.05.2014 19:35
DSC_0361_resize

za tekst

Металург Јуниор ја загуби и шестата средба во плејофот на македонското првенство. Во мечот од шестото коло загубивме од битолски Пелистер, со резултат 20:24 (8:11).

Гостинската екипа имаше повеќе од играта и во поголем дел од средбата го контролираше резултатот.

Веќе во 10. минута Пелистер водеше со предност од 4 гола, 2:6, а истата предност ја имаше и во 25. минута, 6:10. Полувремето заврши со резултат 8:11.

Фуриозно го почнаа вториот дел нашите ракометари. Во 35. минута беше 11:11, а во 35. минута го видовме и нашето прво водство, 12:11. Од тој момент почна резултатската нишалка во која и двете екипи се менуваа во водство. Последен пат имавме тесна негатива во 56. минута, 19:20, а потоа гостите искористија неколку наши грешки и ја завршија средбата со убедлива победа од 4 гола разлика, максимална на денешната средба.

Металург Јуниор – Пелистер 08  20:24 (8:11)

Металург Јуниор: Даниловски, Ивановски, Бошковски 2, Бешлиевски, Борј.Маџовски 1, Костески 2, И.Крстевски, Манасков, Велковски 3, Маркудов, Талески 3, Давитковски, Матијашиќ 1, Бој.Маџовски, Г.Крстевски 7 и Палевски 1.      Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 4 минути.

Пелистер 08: Накуингва, Талевски, Јанев 1, Дрогишки 5, Блажески 1, Димитровски 6, Јуравлиов, Илиевски 3, Вешоски, Филиќ, Георгиевски 6, Кузмановски 2, Вакарук, Чурлески, Божиновски и Бесараб.     Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 2.762 пати

(2) Коментари

  1. koj e toj Krstevski…mu zalepil 7 gola na Pelister..

  2. Bravo Talevskiiiii <3

Напишете коментар


1 + 6 =