МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА СЕРИЈА НА ПОБЕДИ

21.04.2013 13:31
DSC_0023_resize

Во плејаутот на македонското првенство се одигра четвртото коло. Металург јуниор, по победите над Битола и над Текстилец и по нерешениот резултат против екипата на Преспа, дојде до нови три бода, овој пат на гостувањето во Свети Николе. Победена е домашната екипа Овче Поле, со резултат 39:24 (18:11).

Металург јуниор немаше посебен проблем при обезбедувањето на вчерашната победа. Поведовме од самиот почеток, а свежината на домашниот состав овозможи отпор само во првите десетина минути. Веќе кон средината на првото полувреме Јуниор се одлепи, а до крајот на овој дел обезбеди и предност од цели седум гола, 18:11.

Вториот дел личеше на првиот. Разликата постојано растеше, сѐ до конечните +15, 39:24.

Уште еднаш се случи во листата на стрелците да се запишат сите наши ракометари, со исклучок на голманите.

РК Овче Поле – РК Металург 24:39 (11:18)

РК Овче Поле: Милковски 12, Монев, Милевски 1, Саздов, Вилевски, Јордев 4, Јосифов 3, Лазов, Зафировски 4, Давчев, Петрушев и Иванов. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 4 минути.

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Даниловски, Костески 9, Стојановски 1, Бој.Маџовски 5, Давитковски 3, Талевски 2, Палевски 3, Маркудов 4, Велковски 2, Матијашиќ 1, Манасков 3, Крстевски 1, Пешевски 3 и Борј. Маџовски 2. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 6 минути.

Судии: Блажо Филипов и Даниел Ристовски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 633 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 2