МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ПРОДОЛЖУВА СПОРЕД ЗАЦРТАНИОТ ПЛАН

17.04.2013 00:54
DSC_0049_resize

za tekst

Вечерва се одигра одложениот натпревар од првото коло од плејаутот во ракометното првенство на Македонија. Металург ја совлада екипата на Битола со резултат 33:31 (17:12) и освои важни бодови за задржување на челната позиција на плејаут-табелата. Опстанокот во македонската суперлига е се поизвесен, а според играта на Јуниор и целосно заслужен.

Ракометарите на нашата млада екипа мотивирано влегоа во денешниот натпревар и наметнаа темпо, кое противникот не успеа да го издржи. Нешто порамноправен натпреварот беше во првата половина на првото полувреме, но и тоа благодарејки на неколкуте брзоплето изведени напади на нашите ракометари. До крајот на првата половина од натпреварот стекнавме убедлива предност од пет гола, 17:12.

Во второто полувреме Металург Јуниор успеа да ја одржа стекнатата предност. Во последните три минути противникот ја искористи нашата мала деконцентрираност и, со серија од 3:0, го ублажи поразот.

РК Металург Јуниор – РК Битола  33:31 (17:12)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Даниловски, Бошковски, Пешевски 2, Крстевски 3, Манасков 4, Матијашиќ 1, Велковски 3, Маркудов, Палевски, Талески 6, Бој.Маџовски 5, Борј.Маџовски 6, Давитковски, Стојановски и Костески 3.     Седмерци: 2/2.           Исклучувања: 6 минути.

РК Битола: Георгиевски, Талевски, Димитровски 1, Јаневски, Бојчевски 5, Боцевски 5, Талески 8, Јовановски, Митрески 6, Најдоски 5, Петкоски, Христов и Трајковски 1.

Прочитано 717 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 12