МЕТАЛУРГ ЈУНИОР СЕ ПЛАСИРА ВО ФИНАЛЕТО НА ОСМИНАФИНАЛНАТА ГРУПА 4 ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

27.04.2013 20:59
DSC_0159_resize

Во салата „Автокоманда“ денеска се одиграа полуфиналните средби во осминафиналната фаза на Купот на Македонија, група 4.

Металург јуниор настапи во втората полуфинална средба против екипата на Радовиш. Натпреварот заврши со победа на нашите ракометари, а резултатот беше 37:26 (21:9)

DSC_0148_resize

Од самиот почеток Металург јуниор изврши вистинска опсада на голот на противникот и кон средината на првото полувреме создаде предност од десет гола, 13:3. Тренерот Јовиќ повлече дел од својата прва постава, но тоа не се одрази на нашата игра и првиот дел го завршивме со позитива од цели 12 гола, 21:9.

Во второто полувреме Металург јуниор ја задржа својата предност и обезбеди пласман на утрешното финале, каде што го очекува екипата на Куманово.

DSC_0156_resize

РК Металург Јуниор – РК Радовиш  37:26 (21:9)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Даниловски, Бошковски 2, Пешевски, Крстевски 6, Манасков 2, Велковски 1, Маркудов 3, Палевски 2, Талески 3, Бој.Маџовски 4, Давитковски 4, Стојановски 5, Борј.Маџовски 1 и Костески 4.       Седмерци: 0/2.    Исклучувања: 12 минути.

РК Радовиш: Василев, Конзулов 1, Марков 1, Коцев, Долпуров, Мијалов, Ѓоргиев 2, Митев, Фонев 9, Атанасов, Јанев 6, Донев 2, Јованов, Спасов, Филев 1 и Спасков 4.    Седмерци: 7/7.    Исклучувања: 6 минути.

DSC_0157_resize

Судии: Вукашиновски Александар и Металари Исмаил од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

DSC_0166_resize

Во првото полуфинале Куманово ја совлада екипата на Драчево со резултат 41:27, 16:12.

Финалната средба, Куманово – Металург јуниор се игра утре, со почеток во 14.30 часот.

Прочитано 789 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 3 =