МЕТАЛУРГ ЈУНИОР СЕ ВРАЌА СО БОД ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ШТИП

15.09.2013 16:03
DSC_0168_resize_resize

za tekst

Металург Јуниор се враќа со бод освоен на гостувањето во Штип, во натпревар од првото коло на македонската ВИП Суперлига.

Јуниор го отвори резултатот на денешната средба, но Текстилец брзо возврати со серија од 3:0, 3:1. Домашниот тим воглаво го контролираше резултатот во првиот дел, но во 11 минута беше 4:4, а во 28. минута 13:13. Сепак, на одмор екипите заминаа со минимална предност на Текстилец, 14:13. Најголемата предност на домашните во првото полувреме изнесуваше три гола, 7:4 и 8:5.

Доминацијата на Текстилец продолжи и во вториот дел, се до 48. минута, кога одличните одбрани на Блажевски го свртија резултатот. Металург Јуниор поведе со резултат 19:21, потоа со 20:22, за да на две минути до крајот имаме и 21:23. Едно исклучување и еден седмерец, на наша штета, го одведоа натпреварот во мирољубива завршница, до крајните 23:23.

Текстилец – Металург Јуниор  23:23 (14:13)

Металург Јуниор: Ивановски, Блажевски, Бошковски, Гинов, Пешевски 5, И.Крстевски 1, Манасков 4, Матијашиќ 1, Маркудов, Палевски 2, Талески 4, Давитковски 1, Борј.Маџовски 1 и Костески 4.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 12 минути.

Прочитано 1.439 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 1 =