МЕТАЛУРГ ЈУНИОР СЕ ВРАЌА СО ПОЛН ПЛЕН

22.09.2012 21:43

Металург јуниор го заокружи денешниот ден со победата остварена во Ресен. Совладана е екипата на Преспа 2010, со резултат 27:20 (11:10).

Нашите ракометари остварија убедлива победа благодарение на цврстата одбрана и на ефикасниот напад. Од самиот почеток поведовме со 5:1, и тоа водство го задржавме до крајот. При крајот на првиот дел домашните ракометари ги вложија сите сили и дојдоа на само еден гол негатива. За повеќе немаа сили. Во вториот дел постојано водевме со 5-6 гола разлика и дојдовме до трите бода што се од непроценливо значење.

РК Преспа 2010 – РК Металург јуниор 20:27 (10:11)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Блажевски, Бошковски, Пешевски 6, Нелоски 5, И. Крстевски, Манасков 1, Матијашевиќ, Велковски, Палевски, Талески 6, Бој. Маџовски, Давитковски 2, Стојановски, Г. Крстевски 3 и Борј. Маџовски 4.

Прочитано 15 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1