МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЗАГУБИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ВАРДАР

11.05.2014 20:40
DAR_2152_resize

za tekst

Металург го загуби натпреварот од 7. коло на македонскиот ракометен плејоф, против екипата на Вардар, со резултат 22:37 (9:18).

Натпреварот помина во очекувана доминација на Вардар, кој имаше предност во текот на целата средба. Мечот беше решен уште по првото полувреме кое вардарци го добија со девет гола разлика, 9:18. Нашиот Јуниор беше хендикепиран поради тоа што добар дел од нашите ракометари деновиве учествуваа на Гимназијадата во Охрид, но не е спорен квалитетот на Вардар и неговата  надмоќ во однос на нашите млади ракометари.

Вардар – Металург Јуниор  37:22 (18:9)

Металург Јуниор: Даниловски, Ивановски, Бој.Маџовски 4, Костески 2, И.Крстевски 1, Манасков 4, Ставридис 2, Талески 6, Бој.Маџовски 2, Палевски 1, Бошковски, Бешлиевски, Велковски, Маркудов и Матијашиќ.

Прочитано 1.935 пати

(1) Коментар

  1. Nadmokta na Vardar e nesporna no gledajki gi nasite Junior so samiot plasman vo plejof nadprevarite kako da se opustija so samiot fakt deka sesto mesto im e zagarantirano pa kako da im fali i motivacija . Profesionalizam e koga do poslednoiot svirez na sudiite vo prvenstvot se igra maksimalno i bez razlika so kogo se igra kozata treba da bide skapo prodadena , a ne da se bara opravdanie vo toa deka bile hendikepirani , nekompletni i umorni . So vakov pristap tesko deka ke se postigne profesionalizam

Напишете коментар


9 − = 8