МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЗАГУБИ ОД ТИНЕКС ПРОЛЕТ

22.04.2014 21:50
DSC_0088_resize

za tekst

Металург Јуниор ја загуби и петтата средба од плеј-офот на македонското првенство. На гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет нашите млади ракометари се поразени со резултат 21:28 (10:12). Брзото темпо со кое ги игра натпреварите ги замори ракометарите на Металург Јуниор, кој е единствен со пет одиграни натпревари во лигата. Денеска нашите ракометари беа рамноправни само во текот на првото полувреме, кое заврши со резултат 12:10 за противникот. Во вториот дел екипата на Тинекс Пролет постепено се одлепи, па на крајот создаде разлика од седум гола, 28:21.

РК Тинекс Пролет – РК Металург Јуниор  28:21 (12:10)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Бешлиевски 1, Бошковски, Костески 1, И.Крстевски, Манасков, Велковски, Маркудов 1, Ставридис 1, Талески 3, Давитковски 1, Матијашиќ 3, Бој.Маџовски 2, Г.Крстевски 3 и Палевски 5.         Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.

Тек на резултатот: 2:0, 3:2, 4:3, 7:4, 9:8, 12:10 — 14:11, 16:12, 20:13, 22:18, 25:18, 27:20, 28:21.

Прочитано 1.007 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 3