МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЗАГУБИ ВО БИТОЛА

09.04.2014 22:28
DSC_0037_resize

za tekst

Ракометарите на Металург Јуниор го загубија плејоф натпреварот во Битола, против екипата на Пелистер 08, со резултат 36:27 (20:12).

Типичен првенствен натпревар во кој и двете екипи прикажаа машка, на моменти и груба игра. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое домашниот состав го доби со резултат 20:12. Вториот дел помина во рамноправна игра во која Јуниор се обиде да се врати во игра, но не успеа во својата намера.

Горан Крстевски, со 8 постигнати гола, беше најпрецизниот ракометар во нашите редови.

Тек на резултатот: 4:1, 10:4, 14:11, 20:12, 20:12 – 24:15, 26:16, 29:19, 31:22, 36:27

РК Пелистер 08 – РК Металург Јуниор  36:27 (20:12)

Пелистер 08: Нкунгуа (7 одбрани), Божиновски (1 одбрана), Вакаруз (7 одбрани), Јуравлиов 2, Георгиевски 2, Кузмановски 1, Дрогришки, Бесарат 2, Чурлевски 8, Ракочевиќ, Вешовски 3, Блажевски 7, Димитровски 4, Јанев 3, Филиќ 2, Илиевски 2,Талевски       Седмерци: 1/1       Исклучувања: 12 минути

Металург Јуниор: Кимевски (4 одбрани), Ивановски (2 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Бошковски 1, Бор. Маџовски 1, Костески 1, И.Крстевски 3, Манасков 2, Велковски 3, Маркудов, Талески 4, Давитковски 1, Бој. Маџовски, Г. Крстевски 8, Палевски 4.       Седмерци: 4/3.      Исклучувања: 10 минути.       Црвен картон: Мартин Манасков и Влатко Шапардановски.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.


Прочитано 1.423 пати

(2) Коментари

  1. se znae koj mozi da bide najdobar bravo majstore

  2. Nema vrska sto ovie mladi momcinja izgubija koga na sekoj natprevar go ostavaat srceto na terenot.I povtorno odlicna predstava na mladiot Martin Velkovski koj od den vo den se povekje izrasnuva vo golem igrac.

Напишете коментар


− 5 = 1