МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЗАГУБИ ВО ОХРИД

12.04.2014 13:14
DSC_0096_resize1

za tekst

Металург Јуниор го загуби заостанатиот натпревар од регуларниот дел на првенството, против екипата на Охрид, со резултат 25:28 (9:13).

Овој натпревар, кој нема никакво значење за пласманот на Јуниор, го загубивме уште во првото полувреме, кое заврши со резултат 13:9, за екипата на Охрид. Почнавме добро, поведовме со 2:0, но потоа и дозволивме на домашната екипа да ја преземе играта и веќе на полувреме имавме осетна негатива, 9:13.

Во вториот дел се водеше целосно рамноправна борба и овој период го добивме со резултат 16:15, недоволно за пресврт во натпреварот.

Охрид – Металург Јуниор  28:25 (13:9)

Металург Јуниор: Ивановски, Даниловски, Г.Крстевски 5, Палевски 5, Бој.Маџовски 2, Давитковски 1, Талески 3, И.Крстевски 1, Велковски 3, Костески 3, Бошковски 2, Бешлиевски, Ставридис, Маркудов и Матијашиќ.     Седмерци: 2/5.     Исклучувања: 4 минути.

Тек на резултатот: 0:2, 4:4, 7:5, 9:8, 13:9 – 15:12, 16:13, 18:14, 18:18, 21:20, 25:24, 28:25.

Прочитано 876 пати

(1) Коментар

  1. Zasto ne se Mansakov i Borjan Madzovski vo sostavot?

Напишете коментар


8 − 5 =