МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЗАГУБИ ВО РАДОВИШ

23.11.2013 20:16
DSC_0403_resize

Металург Јуниор ја загуби средбата од 11. коло во македонското првенство. Во Радовиш сме поразени со резултат 35:30 (21:14).

Домашната екипа беше подобриот тим во текот на целата средба и сосема заслужено дојде до три нови бода. Металург Јуниор на ова средба беше хендикепиран поради отсуството на седуммина стандардни ракометари: Талески, Палевски, Давитковски, Велковски и, од поодамна, Нелоски и Борјан Маџовски. Поради премин во РК Металург, Јуниор остана и без пикерот Пешевски.

Средбата се одигра во преполна сала “25 Мај“ во Радовиш и помина во фер и коректна атмосфера.

Движење на резултатот: 1:0, 1:1, 6:1, 8:4, 9:7, 10:8, 13:10, 21:14 – 22:15, 22:19, 24:20, 26:23, 30:24, 32:25, 34:26, 35:30

РК Радовиш – РК Металург Јуниор  35:30 (21:14)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Блажевски, Бошковски 1, Бешлиевски, Маџовски 3, Костески 3, И.Крстевски 3, Манасков 11, Маркудов, Ставридис 1, Матијашиќ и Г.Крстевски 8.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.624 пати

(3) Коментари

  1. Klub koj ima vakva mladina ne treba da se grizi za svojata idnina….

  2. Sto e so mladiot Velkovski.Odlicen igrac e?

    • За жал, повторно е повреден.

Напишете коментар


5 + = 12