МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЖЕСТОКО МУ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ

07.11.2013 00:18
DSC_0096_resize

za tekst

Во натпревар од осмото коло на македонската суперлига екипата на Металург Јуниор жестоко му се спротистави на објективниот фаворит, тимот на Тинекс Пролет. Во најголем дел од натпреварот нашите ракометари беа рамноправи на теренот, а само лошата игра во втората половина од првото полувреме го одреди исходот на денешната средба. Се чини дека една од причините за поразот е малата помош од нашите голмани, кои очигледно немаа свој ден.

Првите десетина минути од средбата им припаднаа на нашите ракометари, кои имаа постојано водство, најголемо во 6. минута, 2:4. Пресвртот настана во 13. минута, кога тимот на Пролет за првпат прејде во водство, 6:5. Овој дел од средбата е најлошиот период за нашиот тим, кој направи голем број на технички грешки и пропушти многу можности за лесна реализација. Екипата на Тинекс Пролет знаеше да не казни за направените грешки и до крајот на полувремето дојде до убедлива предност од цели седум гола, 17:10.

Второто полувреме ни припадна нам. До крајот на средбата анулиравме пет гола од предноста на домашната екипа и се чини дека фалеа уште само неколку минути за целосен пресврт на натпреварот. Второто полувреме заврши со резултат 14:19, за Металург Јуниор. Еден од тие што значително допринесе за добрата игра во второто полувреме е левото крило Давор Палевски, кој постигна четири гола и кој, се чини, неоправдано го преседе првиот дел на клупата. Факт е дека во првото полувреме нашите крила допринесоа со само два гола, а нивните замени во вториот дел со 7 гола.

РК Тинекс Пролет – РК Металург Јуниор  31:29 (17:10)

РК Тинекс Пролет: Грчевски, Ристевски, Димовски, Ѓорѓиески 7, Петрушевски 4, Мајнов, Петковски 2, Ролевски 5, Јовановски, Коруновски, Апостоловски, Андоновски, Цветковски, Стефанов 10, Стојановски и Андовски 3.    Седмерци: 3/3.        Исклучувања: 6 минути.

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Блажевски, Бешлиевски, Бошковски, Маџовски 5, Костески 1, И.Крстевски 3, Манасков 8, Велковски 1, Маркудов, Ставридис 1, Талески 5, Давитковски, Матијашиќ 1 и Палевски 4.     Седмерци: 5/5.         Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 1.483 пати

(3) Коментари

  1. Pa normalno koga ke se izgubi nekoj nadprevar so mala razlika sekogas se krivi golmanite (imale los den) a koga ke se izgubi so pogolema razlika bidejki realizacijata bila katastrofa a golmanite imale 15-20 odvrani togas nema komentar deka tie dadoa se od sebe no nemaa pomos od igracite (koi imale los den) .

  2. zosto pesevski ne nastapi, povreden li e?

    • Пешевски е префрлен во првиот тим.

Напишете коментар


1 + = 4