Металург катастрофално го порази Пелистер

07.03.2020 20:50
DAR_4807_resize_resize

Во Автокоманда вечерва се одигра натпревар од 16. коло на машката Суперлига, меѓу Металург и Пелистер.

Металург одигра одличен натпревар во кој целосно го надигра противникот. Рамноправно се играше само во почетната фаза на средбата, се до резултат 8:8, а потоа се се смени во полза на нашиот тим. До крајот на полувремето нашите ракометари направија неверојатна серија од 7:0 и на одмор заминаа при резултат 15:8.

На почетокот на вториотдел Пелистер за кратко го намали резултатот до -4, но тоа траеше само неколку минути.

Металург како да уфрли во поголема брзина и буквално го изрешета голот на противникот. Конечните +16 се реална слика на се што се случуваше на теренот.

На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, Металург е цврсто на чело на табелата.

.

РК Металург – РК Пелистер  34:18 (15:8)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 3, Јагуриновски 4, Поповиќ 4, Пецаковски 3, Шилегов 1, Танкоски 2, Мариќ 3, Серафимов 2, Лазаревски 4, Младеновиќ, Вујовиќ, Чантурија 6, Кбилашвили 2,и Маркоски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути

РК Пелистер: Димитровски 2, Трајковски 1, Димитров, Ристевски, Ивановски, Вардовски, Буторац 1, Јовановски, Петковски, Апостоловски, О.Вардовски, Мандиќ 1, Митревски 1, Петровски 5, Талевски 6 и Блажевски 1.    Седмерци: ¾.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје

Прочитано 547 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =