- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 6 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 6 months
Металург катастрофално го порази тимот на Тинекс Пролет

Вечерва во Автокоманда се одигра пријателска средба меѓу екипите на Металург и на Тинекс Пролет.
Натпреварот мина во постојана предност на Металург во текот на сите 60 минути и заврши со резултат 39:27 (21:15).
Металург од самиот почеток наметна темпо кое гостинската екипа тешко можеше да го следи. Поведовме со 6:1, а потоа имавме и 10:6 и 15:10,за да на крајот на првиот дел ги имаме и највисоките +6, 21:15.
Во првата половина од второто полувреме екипата на Тинекс Пролет искористи неколку исклучувања кај Металург и се доближи на само два гола разлика, 26:24 и 27:25. Ова како да го запали алармот кај Металург, кој веднаш одговори со серија од 6:0 за највисоки +8, 33:25.
Тинекс Пролет веќе тешко доаѓаше до шанса за гол, за разлика од Металург, кој продолжи да го полни голот на противникот.
Конечните +12 се и највисоки на средбата.
Најдобар на средбата беше нашето лево крило Милан Поповиќ, кој постигна 11 гола.
Металург – Тинекс Пролет 39:27 (21:15)