Металург ќе ги почне подготовките на 26 јули

23.06.2021 14:44
DAR_8976_resize

Металург подготовките за новата сезона ќе ги започне на 26 јули, а првиот тренинг е закажан во Автокоманда, со почеток во 18 часот.

Подготовките ќе се одвиваат во три фази:

Најпрво, од 26 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје (вклучувајки ги и задолжителните медицински прегледи на Институтот за Медицинска Физиологија Скопје).

Во втората фаза, од 3. до 16. август, планирани се висински подготовки во Маврово (физичка и техничко-тактичка подготовка на екипата), како и учество на Металург на Струшкиот турнир.

Во третата фаза, од 17 август до 5 септември, се до првото квалификациско коло во Лигата на Европа, подготовките ќе продолжат во Скопје.

Подготвителниот период ке трае 42 дена, во кои е предвидено да се одработат 49 тренинзи на кои, пак, ќе се работи на комбинација на физичка подготовка, техничко-тактичка припрема и фитнес теретана, а предвидени се и седум подготвителни натпревари, вклучувајки ги тука и натпреварите на Струшкиот турнир.

Прочитано 168 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0