Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 6 август

30.07.2018 12:23
1116253_612110072162030_357752001_o

Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 6 август, кога е планиран и првиот собир. Во следните три дена ќе се тренира во Скопје, а потоа екипата ќе замине во Маврово, каде традиционално ги минува висинските подготовки.

Во Маврово Металург ќе тренира се до 18 август, а потоа ќе замине во Струга, каде ќе се сретне со екипата на Вардар, во рамките на македонскиот Суперкуп. Овој натпревар е вметнат во програмата на струшкиот меѓународен турнир, а е планиран со почеток во 21 часот.

По средбата со Вардар, Металург ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките во Автокоманда. Во овој период се возможни и неколку пријателски натпревари.

Нашиот прв официјален натпревар е средбата со екипата на Вардар во рамките на првото коло од новата сезона во СЕХА-лигата, која со првото коло стартува на 28/29 август.

Прочитано 121 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 4