Металург ќе игра против Пролет, додека Металург РА против тимот на Шампион

22.04.2021 20:26
DAR_5537_resize

Во наредните два дена во Автокоманда повторно ќе се игра квалитетен ракомет.

Утре, со почеток во 17 часот, ќе се одигра средбата од 8. коло на плејофот на македонската Суперлига во која ќе се сретнат екипите на Металург и на Тинекс Пролет. Оваа средба, извонредно важна за двете екипи, ќе ја судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Аце Николовски, сите од Скопје.

Освен оваа средба, во рамките на осмото коло ќе се одиграат и следните натпревари:

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар

Струга – Еурофарм Пелистер

Охрид – Бутел Скопје

В сабота, пак, во Автокоманда ќе се одигра натпревар од 8. коло на плејофот на Првата лига, меѓу екипите на Металург РА и на Шампион. Оваа средба на програмата е со почеток во 14.30 часот, а ќе ја судат Стојанчо Јовановски и Виктор Андонов, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.

Во ова коло ќе се сретнат уште и:

Скопје – Јехона

Вардар Неготино – Драчево

Куманово – Аеродром

Прочитано 178 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 5