Металург ќе настапи на турнирот “Кањижа Куп“. Распоред на турнирот

20.08.2019 20:34
GIL_2958_resize

Вчера вечер Металург се врати од Чехов (Русија), каде учествуваше на турнирот “Куп на Гувернерот“. Но, во Скопје нашите ракометари ќе останат многу кратко, бидејќи веќе задутре ќе отпатуваат во Србија, каде ќе бидат дел од 9-тото издание на “Кањижа Куп“, заедно со екипите на Нексе (Хрватска), Партизан (Србија) и на Рамат Хашрон (Израел). На овој турнир во составот на Металург ќе ги видиме и кадетските репрезентативци Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ и Дарко Кондев. За жал, и на овој турнир ќе го немаме на располагање Реваз Чантурија, кој се уште се опоравува од повредата на задната ложа.

.

Познат е и распоредот на овој турнир:

Петок, 23.08.2019 г.:

16.00 ч.:  Партизан – Нексе

17.15 ч.:   Свечено отворање

18.00 ч.:   Металург – Рамат Хашрон

Сабота, 24.08.2019 г.:

12.00 ч.:  Детски турнир

17.00 ч.:  Партизан – Рамат Хашрон

19.00 ч.:  Нексе – Металург

Недела, 25.08.2019 г.:

15.00 ч.:  Металург – Партизан

17.00 ч.:  Нексе – Рамат Хашрон

18.15 ч.:  Свечено затворање

В понеделник Металург ќе се врати во Скопје, каде ќе го одработи крајот на подготовките, до почетокот на македонското првенство.

Прочитано 422 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 9