Металург ќе настапи во новата Лига Европа

13.05.2020 15:36
rfm-uo-1_resize

Денешната седница на УО на РФМ ги разреши сите дилеми за сезоната која беше прекината поради коронавирусот.

Првенството е дефинитивно прекинато и нема да има шампион за сезоната 2019/20. Наредното, пак, првенство ќе се игра според шемата 14+2, односно во првата фаза ќе настапат 14 екипи поделени во две групи, додека во фазата плејоф ќе се приклучат и Вардар со Еурофарм Пелистер.

Донесена е и одлука кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во европските клупски натпреварувања, според која Вардар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, додека Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел ќе бидат дел од новоформираната Лига Европа. За Еурофарм Пелистер е оставена можноста да аплицира и за Лигата на шампионите.

Металург, како актуелен освојувач на Купот на Македонија и првопласиран во прекинатото првенство, многу веројатно ќе биде директен учесник во групната фаза на Лига Европа, додека во најлош случај ќе мора да одигра едно квалификациско коло за влез во групната фаза.

За разлика од Лигата на шампионите, списокот на учесниците во Лига Европа дефинитивно ќе биде познат дури на 21 јули, а се очекува и откажување на извесен број на екипи кои можат да настапат во Лига Европа, но веројатно ќе го одбијат тоа поради финансиските проблеми предизвикани од корона-кризата.

Прочитано 656 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 1