МЕТАЛУРГ ЌЕ РЕАГИРА ЗА НАСТАНИТЕ ВО ПРИЛЕП

05.10.2014 12:47
5

za tekst

Во третото коло на македонската Суперлига, екипата на Металург 2 гостуваше во Прилеп. Тоа беше апсолутно израмнет натпревар во кој Металург 2 е поразен со резултат 29:28 (15:15). Пораз како пораз, ниту е прв, ниту, пак, ќе биде последен. Но, раководството на Металург ќе покрене постапка пред РФМ, за преиспитување на целиот натпревар со акцент на, според нас, срамното судење на судијската двојка Огненов/Стефановски, кои со своите одлуки влијаеја на резултатот и кои не ги заштитија младите играчи на Металург 2 од бруталната игра на домашните ракометари. Ако настаните во првото полувреме и можат да се стават во некакви натпреварувачки рамки, тогаш почетокот на вториот дел излага од секакви рамки. Откако прилепските ракометари не стекнаа предност во првото полувреме, во второто тие влегоа со намера да победат и по цена на физички напади врз противничките ракометари. Летаа боксови, нашите ракометари паѓаа како покосени. Откако сето тоа го истолерираа судиите, нашиот тренер Јовиќ, со цел да ги заштити, ги повлече своите ракометари во соблекувална. По кратко време ги врати, но доби црвен картон, а во исто време беше исклучен и Мартин Манасков. Прилепчани го искористија вишокот од двајца ракометари и стекнаа предност од четири гола. Металург се врати во игра, но во тие околности беше невозможно да се стигне предноста на противникот, па минималниот пораз е максимум до кој можевме да стигнеме.

Прилеп – Металург 2  29:28 (15:15)

Металург 2: Даниловски (10 одбрани), Блажевски (2 одбрани), Бој.Маџовски 1/2, Костески 7/10, Матијашиќ 1/2, Манасков 4/6, Борј.Маџовски 4/6, Крстевски 5/8, Велковски 3/7, Палевски 2/4, Маркудов 1/2, Ставридис, Бешлиевски, Гроздановски и Давитковски.

Фото: Шеталиште.ком.мк

Прочитано 3.820 пати

(5) Коментари

  1. Ne placete kako mali deca. Nisto od ova nemase na natprevarot, jas go gledav.

    • И тоа треба да биде гаранција дека се било регуларно? Дека вие гледавте ?

  2. Nisto ne bese regularno. Jas gledav isto taka i smetam deka decava stvarno bea grevota oti ovie divjacive od Prilep gi otepaa.I mislam deka ne bese ic fer 30 godisni da igraat protiv deca od 18 godini koga vo ekipata na RK Prilep ima deca na nivna vozrast. Pozzzzz

  3. pa i treba da se zhala to sho se sluchuvashe vo pp beshe igranje ragbi a ne igranje rakomet
    dechkive igraja protiv ekipa +30 godini !

  4. videte vaka nemojte da se zhalite bilo sto bil ve razbiram igrata bese ocajna no togas koj im dadol licenca na sudiite da sudat natprevari…. i nemojte da vikate deka prilep imala ekipa plus 30 god bla bla znaci nememoljte taka prilep posle mn godini dobiva superligas pozz

Напишете коментар


2 − = 1