Металург ќе се вклучи дури во третото коло на ЕХФ Купот

09.07.2019 16:52
sala 9publika_resize

Високиот рејтинг на Македонија и на Металург му овозможија на нашиот клуб да се вклучи во ЕХФ Купот дури во третото елиминациско коло, што значи дека ќе имаме само еден противник до пласманот во групната фаза на ова натпреварување.

Металург се најде во групата на носители во која, покрај нас, се и екипите на: Магдебург, Р.Н.Левен, Мелсунген, Фуксе Берлин, Нант, Шамбери, Нинс, Силкеборг, Либербанк, Татабања, Ополе, Холстебро, Ла Риоха, Балатонфуреди и Нексе. Тоа значи дека за влез во групната фаза нема да се соочиме со ниту една од споменатите екипи. На листата на учесниците, Металург е рангиран како десетта по квалитет екипа во ЕХФ Купот

Металург својот противник за влез во групната фаза ќе го дознае дури на 15 октомври, кога ќе се влечат двојките за третото елиминациско коло.

Освен Металург, Македонија во ова натпреварување ќе биде претставена со уште две екипи: со Бутел, кој пласманот го обезбеди со освоеното место во првенството на Македонија, и со Пелистер, кој побара и доби вајлд-карта. Бутел и Пелистер во ЕХФ Купот ќе се вклучат во второто коло и се потенцијални противници на Металург во последното елиминациско коло.

Прочитано 268 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 1