Металург ќе учествува на турнирот “Мастер Гренобл“

03.12.2018 15:02
AND_1561_resize_resize

Шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац денеска ги информираше новинарите за дел од зимските подготовки на Металург, кои екипата ќе ги мине во Франција, каде ќе настапи на турнирот “Мастер Гренобл“, а ќе одигра и три пријателски средби со екипи од најсилната француска лига.

Во јануари ќе учествуваме на турнир во Гренобл, а потоа имаме договорени пријателски натпревари со уште три француски екипи од најсилната лига. За пријателски средби имав повици и од некои второлигашки екипи, но за да бидеме најдобри мораме да учиме од најдобрите и затоа сметам дека треба да играме само со силни екипи. Во спротивно, би добиле лажна слика за нашиот квалитет. Потребно ни е добро интернационално искуство, потребна ни е добра минутажа, за да дојдеме до ситуација да му парираме на Вардар“, рече Брестовац.

Во Гренобл, Металург ќе настапи на престижниот турнир “Мастер Гренобл“, заедно со домаќинот, со шпанската Бидасоа Ирун, моментално второпласирана во Асобал-лигата, како и со францускиот Истр. Турнирот ќе се одигра на 19 и 20 јануари. Првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а следниот ден натпреварот за третото место и финалето.

По овој турнир, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра три пријателски средби на кои ќе ги измери силите со француските екипи Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.

Прочитано 211 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 13