Металург конечно пристигна во Леон

16.11.2020 23:33
DAR_8141_resize_resize

По 3000 км, поминати за 43 часа, Металург конечно пристигна во Леон.

Нашата авантура, која предизвика огромен интерес во ракометниот свет, среќно заврши пред вратите на хотелот во кој ќе биде сместен нашиот тим.

Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Утре наутро Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон.

Натпреварот со Адемар Леон се игра утре, со почеток во 20.45 часот. Средбата ќе ја судат Португалците Даниел Фреитас и Цесар Карваљо, а делегат ќе биде Антонио Гулао, исто така од Португалија.

Прочитано 548 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3