Металург лесно се справи со Работнички

07.10.2019 19:01
DAR_4633_resize_resize

Во СРЦ “Кале“ денеска се одигра одложениот натпревар од петтото коло меѓу екипите на Работнички и на Металург. Многу полесно од очекуваното, Металург убедливо го совлада својот противник и прокнижи нови бодови, со кои повторно се најде на чело на табелата. Во многу рана фаза од средбата, веќе во 7. минута, Металург стекна убедлива предност од 5 гола, 2:7. Кога во 18. минута поведовме и со 5:12, веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. Првото полувреме заврши со двоцифрена предност на Металург, 12:23.

Второто полувреме беше само формалност. И покрај тоа што во игра ги пуштивме резервните ракометари, резултатската разлика само се зголеми.

Металург денеска одигра добро во двата правци и не му даде на противникот ниту минимална шанса да се понадева на било што сем убедлив пораз. Нашите ракометари можеа да го завршат натпреварот и со многу поголема позитива, доколку реализираа барем дел од испуштените можности.

Металург во следното коло ќе и биде домаќин на екипата на Струга.

.

Работнички – РК Металург   27:43 (12:23)

Работнички: Петковски, Куртановиќ, Сулима 4, М. Кочаров, Палевски 10, Гичев 2, Полијак 2, Барлакоски 1, Михајловиќ 1, Фиданов, Темелковски 3, Илиевски 4, С. Кочаров, Осман, Стефаноски.     Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 3, Јагуриновски 3, Поповиќ 3, Шилегов 3, Танкоски 1, Мариќ 3, Лазаревски 4, Младеновиќ 4, Вујовиќ 5, Чантурија 7, Кбилашвили 6, Арсеновски 1.    Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 334 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =