Металург лесно се справи со шампионот на Косово

17.02.2016 23:05
_DSC0081_resize

Во пријателска средба, Металург денеска ја совлада екипата на Беса Фамиглиа од Пеќ, со резултат 34:23 (18:9).

Освен во воведните неколку минути, Металург доминираше во текот на целата средба, а се почна од серијата од 7:0, со која Металург обезбеди водство од 10:4. До крајот на полувремето нашите ракометари ја зголемија предноста до +9, 18;9.

Второто полувреме го одигравме рутински, а настапија и сите ракометари од клупата. Овој сегмент од играта го добивме со резултат 16:14.

Ова беше нашиот прв натпревар во 2016 година.

Металург – Беса Фамиглиа 34:23 (18:9)

Металург: Дупљанчанец, Томовски, Петров 2, Маџовски 1, Костески 6, Матиќ 3, Бувиниќ 7, Кузмановски 3, Кукоски, Талески 7, Велковски 2, Палевски 1 и Шаин 2.

Беса Фамиглиа: Чури, Идризи 2, Биљака 4, Броги, Кастрати, Ѓука 3, Јуа 7, Шала 1, Тахирукај 1, Тетова, Тахирукај 1, Шала, Рамозај, Кукрика 3, Бериша и Муголи 1.

 

Прочитано 1.196 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 10