МЕТАЛУРГ ЛЕСНО СО ПРОЛЕТ

05.05.2012 21:47
DSC_0032_resize

Зад нас е уште еден натпревар од плеј офот во домашното првенство, натпревар во кој извојувавме нова победа. Овој пат наш противник беше екипата на Тинекс Пролет а резултатот од средбата е 29:16  (15:7).

Гостинскиот тим не беше во состојба да му се спротистави на Металург и средбата помина во наша целосна доминација. Распоредот на силите оваа година е полош од лани и скоро се невозможни изненадувањата кога се работи за средби на Металург или Вардар ПРО. Најпрецизен кај нас беше Козлина со 7 постигнати гола.

РК Металург – РК Тинекс Пролет  29:16 (15:7)

РК Металург: Станиќ, Ангелов, Левов 4, Димовски, Маџовски 1, Марковиќ 1, Наумовски 1, Георгиевски 2, Козлина 7, Манасков 3, Миркуловски 2, Маркоски, З.Мојсоски 6, Н.Мојсовски 2, Стоилов и Алушовски.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

РК Тинекс Пролет: Грчевски, Мисовски, Ѓорѓиевски 1, Спасовски 2, Димовски 1, Илиевски 7, Апостоловски, Ролевски, Серафимовски, Петрушевски 2, Николиќ 2, Вешовски, Печенковски 1 и Цветковски.   Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 415 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 10