Металург летна кон Франција

10.01.2020 10:32
DAR_2693_resize_resize

Со утринскиот лет за Истанбул, од таму за Лион, Металург отпатува на турнејата во Франција.

Во следните девет дена нашите ракометари ќе одиграа две пријателски средби и ќе учествуваат на турнир во Монлисон.

Металург најпрво оди во Клермон Феран, каде ќе одигра две пријателски средби со Ним (11 јануари) и со Кретел (14 јануари).

Централниот настан на нашата француска турнеја ќе биде учество на турнирот во Монлисон, каде ќе настапиме заедно со екипите на Спортинг, Шаран и на Данкерк.

Металург се враќа на 20 јануари и остатокот од подготовките ќе ги мине во Скопје.

Прочитано 604 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 1 =