Металург летна за Лисабон

14.09.2018 10:02
pavilhão joão rocha_02_resize

Со утринскиот лет од Скопје, преку Загреб, до Лисабон, младиот тим на Металург отпатува на дуел со екипата на Спортинг Лисабон, во рамките на првото коло на Лигата на шампионите, група “Ц“.

Во Лисабон Металург се очекува да пристигне во 11.10 часот, по македонско време, и ќе биде сместен во хотелот “Олајас Парк Хотел“.

Денеска момците на Данило Брестовац ќе го одржат својот последен тренинг, од 18 до 19.30 часот, во салата “Павилхао Жоао Роча“, каде утре и ќе се одигра натпреварот со Спортинг. Салата “Павилхао Жоао Роча“ е со капацитет од 3000 места.

Утрешниот натпревар се игра со почеток во 19.30 часот по македонско време, а правдата ќе ја дели шпанската судијска двојка Хавијар Алварез Мата/Јон Бустаманте Лопез. Делегат ќе биде Французинот Роберт Дујардин.

Метлург отпатува за Лисабон со 13 ракометари: Томовски, Даниловски, Јагањац, Лазаревски, Димитриоски, Токиќ, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Маџовски, Арсеновски, Стојановиќ и Миличевиќ.

.

sporting03_resize

Прочитано 185 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1