Металург минимално совладан од Еурофарм Пелистер

12.08.2020 23:08
117768973_2987455731384218_5343196353798076858_o_resize

Дерби натпреварот во групата “Б“ на турнирот во Струга и припадна на екипата на Еурофарм Пелистер, која минимално го совлада Металург, со резултат 24:22 (15:12).

Вистинска штета е што овие две екипи се сретнаа веќе во првото коло, бидејќи за двете ова беше прв натпревар по повеќе од пет месеци. Раната фаза на подготовките, која досега воглавно се однесуваше на стекнувањето на потребната кондиција, како и очигледната невоиграност, резултираа со игра со многу грешки и избрзани потези. Металург направи повеќе технички грешки, дури 17, и имаше и повеќе исклучувања, па сето тоа доведе до минимален пораз од два голови разлика.

Металург лошо го отвори натпреварот и веќе кон средината на првиот дел имавме максимална негатива од 5 гола, 9:4. Потоа нашите ракометари успеаа да ја стабилизираат својата игра и набрзо се доближија на само два голови разлика, 9:11. При крајот на првото полувреме не искористивме два шута во празен гол и напад за негатива од само еден гол, а тоа противникот го искористи и на одмор замина со предност од три гола, 15:12.

Второто полувреме мина во израмнета и неизвесна борба, а Металург дури во четири наврати не искористи напади за израмнување на резултатот. Во последните пет минути, кога имавме шанса комплетно да го промениме резултатот, направивме неколку несреќни грешки и средбата ја загубивме, со резултат 24:22.

Во секој случај, ова ни одблиску не е максимумот што може да го даде нашиот тим и во следниот период екипата ќе се воигрува и ќе игра се подобро.

Утре Металург ќе го одигра својот втор натпревар на овој турнир, а противник ќе ни биде екипата на Прилеп. Оваа средба ќе се одигра со почеток во 19.15 часот.

.

Еурофарм Пелистер – Металург  24:22 (15:12)

Металург: Дупјачанец 11 одбрани, Ѓорѓески, Кондев, Канкараш 4, Поповиќ 2, Шилегов, Хорват 3, Мариќ 2, Серафимов 4, Младеновиќ, Вујовиќ, Тарабокија 1, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 1, Потиќ 4 и Маркоски.  Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 18 мин

Судии: Ѓорги Начевски и Славе Николов

Делегат: Камер Металари

Прочитано 591 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 0