Топ Вести

МЕТАЛУРГ МУ ГО НАНЕСЕ ПРВИОТ ПОРАЗ НА ЗОМИМАК

14.04.2015 22:21
MJI_3365_resize

za tekst

Денеска во Автокоманда се одигра првенствен натпревар од третото плејоф-коло, меѓу екипите на Металург и на Зомимак. Гледачите имаа можност да проследат одличен натпревар, полн со динамика и со многу дуели на ракометарите на двата тима.

Средбата немаше почеток каков што посакувавме и екипата на Зомимак долго време го контролираше резултатот. Така беше до 13. минута, кога израмнивме на 4:4, а потоа и поведовме, во 24. минута, 8:7. Двете екипи имаа свои периоди и свои водства, кои никогаш не беа поголеми од два гола. Металург своето највисоко водство го стекна во 27. минута, кога поведовме со 10:8. Сепак, до полувреме Зомимак постигна два гола и на одмор се замина при резултат 10:10.

Зомимак имаше водство и во текот на второто полувреме, кога се разви жестока битка за секоја топка, за секој гол. Критично беше во 57. минута, кога гостинскиот тим поведе со резултат 19:21. Но, со одличниот финиш на нашиот тим и со успешните одбрани на нашиот капитен Никола Митревски, успеавме да постигнеме три едноподруго гола и да го добиеме овој важен натпревар, со резултат 22:21.

Следниот месец ќе се игра реванш средбата во Струмица, каде исто така ќе одиме на победа. Имаме доволно време да се подготвиме за тај натпревар и да го визираме местото кое ќе не однесе во Лигата на шампионите.

Металург – Зомимак  22:21 (10:10)

Металург: Митревски, Ефендиќ, Голубович 1, Ојлески 3, Бој.Маџовски, Костески, Манасков, Бувиниќ 4, Кукоски, Нелоски 1, Талески, Војводиќ 1, Пешевски 2, Џукиќ 10, Вргоч и Стојановиќ.       Седмерци: 3/3.      Исклучувања: 12 минути.

Зомимак: Атанасов, Н.Маркоски 2, Павловски 1, Младеновски 3, Пецаковски 7, Тунтев, Милосављевиќ 1, Трајковски, В.Маркоски, Босеовски, Стојановски, Василев, Чантурија 3 и Везенковски 4.       Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 12 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Металари/Николовски.

Прочитано 2.966 пати

(3) Коментари

  1. PECAKOVSKI NE RESI …. NE NI CINESE NAS.. SEGA ON KE NE DOKRAJCI …

  2. nemozam da svatam brakata markoski tolku igraa so slast za da go unistat metalurg da ne bide vtoro mesto gi upotrebija taktikite sto im gi dade cervar oni vrakaat so loso ova kazuva deka nemaat custvo emocija koga vleguvaat vo salata gi slusat piratite i himnata zaklucno so ova treba da se naplatuva transfer od ekipa vo ekipa da platat za ucenoto od cervar investiranje vo rakometarite .znaci ako platis ke go imas ako ne ili nema da igra nikade ili ke sedi kade sto se naoga besplatno gi prodavaat taktikite od klubot.

  3. brakata markovski bez oset nemaat sram prema piratite i klubot

Напишете коментар


+ 6 = 10