МЕТАЛУРГ НА ЧЕКОР ДО ТРОФЕЈ

18.05.2013 23:59
AND_8582_resize

za tekst

AND_8282_resize_resize

По денешната блескава победа над екипата на Вардар ПРО, Металург утре ќе атакува на пехарот во Купот на Македонија.

Денешниот натпревар покажа зошто средбите меѓу Металург и Вардар ПРО се прогласени за најголеми дерби-средби во овој дел на Европа. Видовме борба до последен здив, видовме цврсти дуели, видовме пожртвуваност од ракометарите на двата тима, а не изостана и драматична завршница.

AND_8276_resize

Ракометарите на Металург апсолутно заслужено го победија големиот ривал. Водевме во текот на целата средба, а единствениот успех на Вардар е израмнувањето во 48. минута, 17:17.  Нашите ракометари ги издржаа сите притисоци, ги надминаа сите проблеми. Осакатени од повредите на половина од првата постава, денеска игравме и без Наумче Мојсовски, а за време на натпреварот се повреди и Георгиевски. Ако кон тоа додадеме и дека Коражија одигра многу малку, поради истегнатиот лист на ногата, а Марковски и Миркуловски играа со своите незалечени повреди, тогаш резултатот е фантастичен. Додатен напор беа седумте исклучувања, особено кога бевме оставени со само тројца ракометари на теренот. Рано останавме без Јоновски, кој заработи двојно исклучување и мораше долго да остане на клупата, а на крајот игравме и без Миркуловски, кој заработи црвен картон поради три казни. И тоа го издржавме, и тоа го надминавме. Комплетниот Вардар го победивме со половина од реалните сили на Металург.

AND_8427_resize

Ракометарите на Металург почнаа онака како што и се договорија пред натпреварот, со агресивна одбрана и сигурен напад. Повторно го добивме Станиќ, кој, по неколку бледи изданија, блесна во полн сјај, бранејќи осум удари само во првото полувреме. Натпреварот го отворија Вугринец (1 минута) и Алушовски (3). На првиот гол на Вардар чекавме шест минути, а го постигна Петриќ. Зголеми Додер (9), кој одигра еден од своите најдобри натпревари во дресот на Металург. Постепено нашата разлика порасна на +3, 6:3, потоа на +4, 4:8, за да стигне и до +5, 10:5. Најголема предност имавме во 29. минута, кога Миркуловски зголеми на 11:5. Сепак, на одмор заминавме со позитива од пет гола, 11:6.

AND_8311_resize

Во второто полувреме одржувавме предност од 3 до 4 гола, за да во последните десетина минути, поради исцрпеност на нашите ракометари, дојдеме во ситуација да го бранеме резултатот. Драмата кулминираше во 48. минута, кога Вардар првпат (и последен) го израмни резултатот, 17:17. Сепак, Металург се врати во вистинското време, со серија од 3:0, за 20:17. На 90 секунди пред крајот Вардар повторно е на само еден гол негатива, 20-21. Металург не го искористи својот последен напад, а на 15 секунди до крајот остана и без исклучениот Батиновиќ, поради старт врз Петриќ. Вардар изведе напад, создаде зицер ситуација, но левото крило Марковиќ ја погоди само стативата, откако веќе беше совладан и Станиќ.

AND_8505_resize

Така Вардар, откако прво остана без пехарот од СЕХА-лигата, го загуби и овој од Купот на Македонија. Металург утре ќе направи се за да го врати овој пехар во своите витрини, а потоа ќе го чекаме први јуни, за нова титула во првенството на Македонија.

AND_8633_resize

РК Вардар ПРО – РК Металург  20:21 (6:11)

РК Вардар ПРО: Милиќ, Даскаловски, Лазовиќ 1, Маркоски, Стоилов 3, Недановски, Прибак 4, Драгаш 1, Раковиќ 1, Петриќ 1, Јовчевски, Марковиќ 3, Лазаров, Карачиќ 2, Рајковиќ 4 и Абутовиќ.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Станиќ (11 одбрани + седмерец), Митревски, Ракчевиќ 3, Левов, Димовски 1, Вугринец 4, Георгиевски 1, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски, Додер 3, Батиновиќ 3, Јоновски, Мандиќ, Алушовски 2 и Коражија 1.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 14 минути.   Црвен картон: Миркуловски (3х2 минути).

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегати: Николовски Ацо и Камишевски Душко од Скопје.

Сите фотографии се сопственост на “Нова Македонија“

AND_8329_resize AND_8352_resize AND_8371_resize AND_8376_resize AND_8419_resize AND_8505_resize AND_8654_resize AND_8660_resize AND_8667_resize

Прочитано 1.359 пати

(3) Коментари

  1. Bravo za Metalurg, bleskava pobeda. Mora da se priznae deka i Vardar ne igrase bas najdobro no sepak vaka desetkuvaniot Metalurg pokaza daka e golem klub i cestitki za momcite koi go odigraa ovoj natprevar bez greska. Natprevarot go gledav na TV i sakam da go izrazam moeto negoduvanje od komentatorite na MTV a posebno od pristrasnite komentari na Vidovski. Sramota e taka direktno , komentatori na MTV da navivaat za eden klub, vo ovoj slucaj za Vardar. I dvata kluba se nasi makedonski sampioni. Sekoj od gledacite moze da naviva za nekoj klub, toa e normalno i toa e ok, no nemoze komentator da bide tolku pristrasen. Toj moze da si naviva za svojot omilen klub koga ne e na rabota, no ne vaka direktno, na prenos na natprevar koj ga gledaat gledacite vo Makedonija.

    • Браво за коментарот Горан. Јас го исклучив тонот за да не ги слушам кометаторите. Претераа. Добор би било да напишеме некој коментар во врска со ова на сајтот на МРТВ.

  2. Navistina odigraa dobar natprevar im cestitam na site rakometari na metalurg koj bea uspesni !

Напишете коментар


7 − 7 =