МЕТАЛУРГ НА ЧЕКОР ОД СЛАВА

20.10.2012 12:07
227433_374213735987947_1495570056_n

Повторно сме во истата ситуација. Повторно нѐ очекува исклучително важен и тежок натпревар од Лигата на шампионите. Натпревар во кој нѐ прогласија за изразит фаворит, а тоа е улога што носи посебна одговорност. Се лаже секој што очекува лесен натпревар и лесна победа на нашиот шампион.

Сепак, Металург има историска шанса да дојде до резултат до кој не стигнал никој во македонскиот машки ракомет, да дојде до магичната бројка од четири победи во исто толку натпревари. Нашите ракометари се свесни дека се на чекор од слава и ќе направат сѐ што е можно да дојдат до посакуваната победа.

Во таа борба на нашиот тим му се потребни помош и поддршка. Ни треба нашата публика, нејзиниот глас, нејзините песни. Салата е речиси целосно распродадена. Околу 6.000 фанови треба да бидат оној елемент што психолошки ќе ги разбие надежите на рускиот тим.

Металург го заслужува тоа. Металург го очекува тоа.

Прочитано 972 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 11