- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Металург најде решение за враќањето на екипата од Полска

По завршувањето на ракометните обврски во Плоцк, Металург денеска требаше да се врати во Скопје. Но, ПЦР тестовите станаа проблем поради кои Металург останува во Варшава.
Имено, од компанијата со која требаше да лета Металург беше децидно наведено дека антигенски тестови се дозволени, но на аеродромот на Варшава службените лица побараа ПЦР тестови.
Сепак, решението е најдено, па Металург ќе преспие во хотелот “Мериот”, кој е во склоп на аеродромот во Варшава, а утре се враќа со летот преку Истанбул. Во Скопје екипата ќе пристигне в утре, околу 19.30 часот.
За жал, тоа ќе значи еден ден помалку во подготовките за следниот натпревар во групната фаза на Лигата на Европа, кој на програмата е веќе в сабота кога во Скопје ќе гостува екипата на Чеховски Медведи.