Металург наплати уште еден долг, Струга без шанси во Автокоманда

08.05.2021 23:46
DAR_6314_resize

Во рамките на деветото коло од плејофот на македонската Суперлига, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург и на Струга. Убедлива победа однесоа нашите ракометари, кои го совладаа противникот со резултат 35:28 (17:13).

Покрај бодовите кои ни требаат за повисок пласман, Металург денеска имаше и мотив повеќе. Имено, на првата средба во Струга нашиот денешен противник приреди вистинско изненадување и ни одзеде два планирани бода. Затоа, пак, денеска Струга немаше никаква шанса. Металург од самиот почеток тргна со единствена цел што побрзо да создаде резултатска разлика и на самиот старт да го скрши отпорот на гостинскиот тим. Тоа набрзо ни успеа и Металург кон средината на првото полувреме веќе имаше позитива од 5 гола, 10:5. Првото полувреме заврши со резултат 17:13.

Металург водеше и во текот на целото второ полувреме, најчесто со 5 до 7 голови разлика. Тоа му даде можност на нашиот тренер Марковски да ја повлече првата постава на клупа и мечот да го приврши со ракометарите кои обично имаат помала минутажа. По подолго време денеска во составот го видовме и Марко Тарабокија, кој не влезе во игра, но успешно изведе два седмерци. Од ракометарите на клупа, Марковски ги поштеди Калуѓеровиќ и Маркоски, кој не влегоа на терен.

Металург собра 11 бода и полека се враќа во борбата за третото место кое води во Лигата на Европа.

.

Металург – Струга  35:28 (17:13)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 7, Кофилоски 3, Шилегов 1, Хорват 4, Калуѓеровиќ, Серафимов 2, Лазаревски, Тарабокија 2, Тодевски 4, Митиќ 1, Рниќ 7, Додиќ 4 и Маркоски.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 10 минути.

Струга: Затаракоски, Маркоски, Крстановски, Савески, Рајатоски 2, Јанкулоски, Јованоски, Димитриевски 2, Николиќ 6, Илиески 1, Костоски 1, Ракоција 13, Симовски 2, Појкоски 1 и Цветаноски.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски.

Делегат: Наумовски Русе.

Прочитано 250 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 6