Металург натпреварувачката 2018-та ќе ја заврши со мини-турнеја во Хрватска и БиХ

15.12.2018 13:31
_DSC0048_resize

Веднаш по утринскиот тренинг, екипата на Металург замина за Хрватска и БиХ, каде во следните три дена ќе ги одигра последните два натпревари во 2018 година, двата во рамките на СЕХА-лигата.

Утре, со почеток во 20.15 часот, Металург ќе одигра натпревар со екипата на Нексе, а натпреварувачката година ќе ја заврши во вторник, со гостувањето кај екипата на Извиѓач. И оваа средба ќе се одигра во истиот термин, во 20.15 часот.

Се надевам на позитивен резултат и добра игра во последните два натпревари за оваа година, иако имавме згуснат распоред изминатиов период и се почувствува доза на замор кај екипата. Нексе е квалитетен противник, кој одлично игра на домашен терен и има солидна покриеност на сите позиции со искусни играчи. Зад нас е недела во која активно работевме на подобрување на техничко-тактичките перформанси, конкретно за овие два дуела. Верувам дека голем дел од таа работа ќе спроведеме на терен и ќе оствариме позитивен ефект. Единствен проблем ни се настинките и вирозите кај дел од ракометарите, така што сѐ уште не знам дали ќе бидеме комплетни“, вели тренерот на Металург, Данило Брестовац.

Претпазлив е и тренерот на Нексе, Хрвоје Хорват, кој смета дека Металург ќе игра без притисок и затоа ќе биде опасен противник.

Сакам да нагласам дека Металург пред извесно време се засили и донесе тројца нови играчи. Немаат веќе мечеви во Лигата на шампионите и се сконцентрирани само на СЕХА-лигата. Знаеме дека не чека многу незгоден противник кој во последно време игра се подобро, со доста тактички варијанти. Ќе мораме да бидеме подобри во нападот одошто бевме на последните два меча, ако сакаме да запишеме нови бодови. Верувам дека сме свесни дека играме пред наша публика. Се наоѓаме во фаза во која секој бод ни е важен, затоа што сакаменастап на фајналфор-турнирот“, рече Хорват, тренерот на нашиот утрешен противник.

Со Нексе и со Извиѓач игравме и во Скопје. Нексе не совлада со резултат 26:32 (12:16), додека со Извиѓач одигравме нерешено, 27:27 (14:11).

Прочитано 192 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 7 =