Металург не го дава врвот

03.11.2019 01:29
DAR_6818_resize_resize

Во рамките на осмото коло на македонската Суперлига во Автокоманда се одигра натпревар меѓу двете најдобропласирани екипи во досегашниот тек на првенството – Металург и Охрид. Присуствувавме на интересен и неизвесен натпревар, кој заврши со поделба на бодовите.

Охрид подобро го отвори натпреварот и поведе со 1:3, но Металург брзо се врати и го презеде водството при 6:5. Во следните неколку минути се играше гол за гол, а потоа дојде до пад во нашата игра што резултираше со противничка серија од 5:0 и водство од 10:15. Првото полувреме заврши со резултат 13:17 во полза на Охрид.

Во вториот дел Металург влезе решен да го преокрени резултатот и да дојде до победата. Ракометарите на Охрид се потешко се снаоѓаа во брзите акции на Металург и во 51. минута дојде до комплетен резултатски пресврт и водство на Металург, 27:26.  Кога на две минути до крајот поведовме со 29:27, а имавме и напад, се чинеше дека нашиот план ќе биде исполнет. Но, во последните два напада не успеавме да реализираме и му дозволивме на противникот да ги постигне последните два гола на оваа средба и да дојде до еден бод.

На првенствената табела нема измени. Металург и натаму е осамен на чело на табелата, а веднаш зад него е солидниот тим на Охрид, најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството.

Во следното коло Металург ќе и гостува на екипата на Радовиш.

.

РК Металург – РК Охрид  29:29 (13:17)

РК Металург: Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев, Јагуриновски 1, Поповиќ 5, Пецаковски 1, Шилегов 1, Танкоски 4, Мариќ 6, Серафимов 3, Лазарески 1,  Младеновиќ, Вујовиќ, Чантурија 4, Кбилашвили и Арсеновски 3.    Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 14 мин.

РК Охрид: Брануновиќ, Андоноски 1, Кривокапиќ 7, Блажески 5, Костов, Гошевски, Тсителишвили, Соколов, Тасески 3, Манасков 2, Ивановски, Ристески, Димитриески, Анастасовски 3, Тот 8 и Даниловски.    Седмерци:4/4.    Исклучувања: 12 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 343 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 13