Топ Вести

МЕТАЛУРГ НЕ УСПЕА ДА ГИ ОБЕДИНИ ТИТУЛИТЕ

19.05.2014 02:39
EMI_8623_resize

za tekst

Металург ја загуби финалната средба во Купот на Македонија и не успеа да ги обедини двете национални титули. Во драматичен, на моменти и тензичен, натпревар загубивме со резултат 28:30 (11:14).

Нашите ракометари добро ја започнаа средбата и со головите на Циндриќ и на Вугринец поведовме со 2:0. Вардар својот првенец го постигна во 6. минута преку Карачиќ, а веднаш потоа израмни Дибиров. Металург повторно постигна два гола во серија, за 4:2, што испадна дека беше и нашето последно водство на средбата. Следеше исклучително лош период за нашиот тим во кој противникот реализираше серија од дури 6:0, 4:8. Дополнително бевме казнети со исклучувањата на Георгиевски, а малку подоцна и на Велко Маркоски.

Во тој период паднаа и првите искри на средбата. Играчите на двата тима беа бесни на битолската судиска двојка, која најпрвин поништи погодок „од гол на гол“ на Георгиевски, на што реагираа играчите на Металург, а две минути подоцна досуди пенал за Миркуловски, по што, поради бурна реакција, беше исклучен Брумен. Најпрвин Вугринец го погоди пеналот, а потоа Вардар одигра наивно во напад со маркер, па Манасков стрелаше во празна мрежа за 10-8. Нов инцидент се случи во последните секунди од првиот дел, кога беше досудена топка за Металург, но Чипурин намерно ја задржа за да не се развие нападот на Металург. Реагираше Велко Маркоски, а на изненадување на сите присутни беа исклучени и Маркоски и Чипурин. Полувремето заврши со резултат 14-11.

И второто полувреме го почнавме лошо, па во еден момент Вардар поведе и со 5 гола разлика, 17:12. Тоа како да ги разлути нашите ракометари, кои стегнаа во одбраната, а во нападот брзо реализираа Борозан, Вугринец и Миркуловски, па најпрво намалија на 18:20, а потоа и израмнија на 20:20. Во овој период се разбрани и нашиот Митревски, кој во второто полувреме го чуваше голот на Металург. Токму во тој период, кога Металург се чини дека стекна психолошка предност, дојде до нови инцидентни ситуации во кои реагираа ракометарите на двата тима. Најпрво Металург реагираше поради неразбирливото исклучување на Миркуловски, а потоа и двете екипи протестираа поради обостраното исклучување на Карачиќ и на Вугринец. Вардар ја искористи предноста од ракометар повеќе и набрзо ја врати разликата од првиот дел, 21:24. Критично беше на шест минути до крајот, кога Вардар поведе со резултат 23:27, па Червар мораше да побара тајмаут. Веднаш потоа, за само две минути, успеавме да постигнеме три гола, за 26:27, а, откако Митревски им одбрани зицери на Прибак и на Дибиров, Вугринец го израмни резултатот, 27:27. Последен пат клупата на Металург реагираше кога во пресудните моменти му беше досудено пробивање на Ванчо Димовски во ситуација каква во текот на мечот често се гледаше како пред голот на Вардар, така и пред голот на Металург, а кои дотогаш не беа санкционирани. Тоа не му засмета на Вардар, кој преку Чипурин зголеми на 29:27, а по експресниот гол на Миркуловски следеше акција преку која Дибиров го постигна последниот гол на средбата, за 28:30 и за голема радост на играчите на Вардар.

Вардар – Металург  30:28 (14:11)

Вардар: Ангелов, Милиќ, Даскалоски, Недановски, Прибак 2, Тоскиќ 1, Раковиќ, Марковиќ, Карачиќ 4, Душебаев 6, Лазаров, Терзиќ, Дибиров 8, Кукоски, Брумен 7 и Чипурин 2.    Седмерци: 3/6.     Исклучувања: 8 минути.

Металург: Станиќ, Митревски, Ојлески 4, Димовски, Вугринец 7, Георгиевски 3, Манасков 3, Миркуловски 5, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Мојсоски, Атман 1, Циндриќ 2, Кеџо, Јоновски и Борозан 2.     Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегати: Камишевски Душко и Металари Камер од Скопје.

Прочитано 1.821 пати

(2) Коментари

  1. Ubavo ke bese da go osvoevte i Kupot no definitivno e povazno prvoto mesto koe vodi vo liga na sampioni. Natprevarot bese da receme izednacen iako Vardar bese vo prednost vo pogolem del od natprevarot, a kako i segokas koga sudi ovaa sudiska dvojka nastanuva haos na terenot, dali neznaat da sudat ili namerno taka sudat toa si znaat tie, no bidejki nikogas za sudiite nema nikakvi sankcii tie zarat i palat na terenot. totalno ja gubat kontrolata i namesto da delat pravda stvaraat ogromna tenzija megu rakometarite. Mnogu “silen” vcera se pokaza i Praibak toa pravo da ne go dobi so makedonskiot pasos koj raka na srce do sega ne go opravda, neznam zasto no se dobiva vpecatok deka komentaorite, sudiite delegatite a da negresam dusa i federacija se sekogas so Vardar, no sprotivno na site niv stoi makedonskata publika koja definitivno e na stranata na Metalurg sto mozese da se vidi i vcera vo Ohrid.
    Napred Metalurg i so sreka vo slednata sezona i treba da bidete gordi zatoa sto so Vas e makedonskiot narod.

  2. Zarem ne gledate od site strani jurišaat protiv metalurg.znam deka e vo prašanje golema para ama i znam deka marko i davor direktorite nemaat vrska od rakomet ama zatoa imaat izgleda vrski vo RFM.alem toskič zarem tolku li i toj sila zema pa da saka so VANČO da se tepa

Напишете коментар


2 + = 10