Металург не успеа уште еднаш да го изненади Вардар

19.09.2019 00:40
DAR_2606_resize_resize

По неколку месеци од последното соочување, кога Металург  го освои националниот Куп, салата во Куманово одново ги нагости екипите на Вардар и на Металург, овој пат во битката за Суперкупот на Македонија.

Иако Металург покажа желба и му пружи силен отпор на актуелниот шампион на Европа и на Македонија, сепак Вардар го освои пехарот наменет за победникот во Суперкупот, третпат во својата историја.

Вардар важеше за апсолутен фаворит на овој натпревар и тоа го покажа особено во првото полувреме, кога го искористи слабиот почеток на Металург и релативно лесно стекна висока предност од седум гола, 13:6. Металург до крајот на првиот дел успеа да се консолидира и на одмор екипите заминаа при резултат 16:10 за нашиот противник.

Второто полувреме му припадна на Металург и овој период го добивме со резултат 14:10. Вистинско освежување во вториот дел беша играта на нашиот најмлад ракометар – Стефан Додиќ, кој во ова полувреме постигна 4 од своите 5 гола. Токму тој беше иницијатор на резултатскиот пресврт, кога Металург, со серија од 3:0, се доближи на само три гола од резултатот на Вардар. Иако Вардар подоцна успеа да се врати на своите максимални 7 голови разлика, сепак се почувствува дека Металург во вториот дел игра подобро од својот противник. Конечните 26:24, во полза на Вардар, се заслужени и ние му честитаме на својот голем ривал, но и Металург покажа дека постепено се доближува до посакуваната форма и дека има потенцијал во овој наш тим.

.

Вардар – Металург  26:24 (16:10)

Вардар: Кугис, Кизиќ, Кукуловски 1, Димитриоски 2, Гашовски, Кристопанс 1, Карапалевски 1, Дисингер 1, Атман 2, Калараш 4, Дибиров 5, Горпишин 6, Шишкарев, Ќосевски и Горбок 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 2, Јагуриновски 4, Поповиќ 3, Пецаковски, Шилегов 3, Танкоски 1, Мариќ, Серафимов 1, Лазревски 1, Младеновиќ, Чантурија 1, Кбилашвили, Додиќ 5 и Арсеновки 2.    Седмерци: 1/2.     Исклучувањ: 6 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе.

Делегати: Камер Металари и Климкаров Петре.

Прочитано 390 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 1 =