METАЛУРГ НЕМА ДА ГО ИГРА НАТПРЕВАРОТ СО ВАРДАР ПРО

26.03.2012 18:54
563222_424880634254590_2003809201_n_resize

Металург нема да го игра натпреварот со Вардар ПРО. До седиштето на СЕХА лига е испратено следното соопштение:

До

Претседател на СЕХА лига, г-дин Санди Шола

Комесар на СЕХА лига, г-дин Драган Начевски

РК Вардар ПРО

                                                             Соопштение

     РК Металург го информира Раководството на СЕХА лига, Комесарот на СЕХА лига, РК Вардар ПРО и македонската спортска јавност дека не е подготвен да го одигра утрешниот натпревар против Вардар ПРО во Скопје и бара негово одлагање, односно нов термин, сметајќи дека во овој момент двата клуба, но пред се репрезентацијата на Македонија, имаат многу позначајни приоритети отколку одигрување на овој, натпреварувачки безначаен, натпревар од СЕХА лига.

    РК Металург бара нов термин за одигрување на натпреварот со Вардар ПРО, а воедно бара и поместување на завршниот турнир на СЕХА лига за најмалку една седмица што е доволен период за да се одиграат сите заостанати натпревари ( во случајот на Металург тоа се натпреварите со Вардар ПРО, Татран и Црвена Звезда ).

     Причина за ваквото барање на РК Металург е задолжителната заштита на 12-мината репрезентативци на Македонија кои веќе во среда треба да се јават на собирот на почетокот на подготовките за квалификациониот турнир за Олимписките Игри во Лондон а кој ќе се игра во Гетеборг. Сметаме дека не смее да се наруши, во било која смисла, атмосферата и мирот на македонската селекција пред овој историски турнир и затоа нашиот став е дека натпреварот Вардар ПРО – Металург може да донесе несакани последици врз психичката и здравствената состојба на репрезентативците. Ракометарите кои настапуваат во Металург а кои настапија и на ЕП во Србија веќе чуствуваат сериозни последици од пренапорната сезона, односно, во од, санираат повреди и чуствуваат хроничен замор.

    Од друга страна сметаме дека еден ваков дерби натпревар помеѓу Вардар ПРО и Металург мора да се одигра во сосема поинакви околности, а не да му се нанесува штета на дуелот што во последните неколку години е најдоброто случување во македонскиот спорт.

Со почит,

РК Металург Скопје

Претседател, Ристо Чокрев

Скопје, 26.03.2012

Прочитано 1.420 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2