Металург обезбеди фајналфор во Купот на Македонија

23.04.2016 20:01
_DSC0105_resize

Металург го совлада Радовиш во финалето на 4-тата четврт-финална група од Купот на Македонија и обезбеди настап на фајналфорот во Купот на Македонија.

Металург победи со резултат 38:19 (16:12).

Во финалето се сретнаа две различни по квалитет екипи, кои одиграа помалку или повеќе рамноправно прво, но апсолутно нерамноправно второ полувреме, во кое дојдоа до израз квалитетот на Металург и немоќта на Радовиш. Во овој втор дел, кој го добивме со 15 гола разлика, головите воглавно дојдоа од брзите контри со кои го решетавме голот на противникот.

Металург – Радовиш  38:19 (16:12)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров, Маџовски 3, Костески 6, Матиќ 3, Вујовиќ, Бувиниќ 4, Кузмановски 2, Јаагуриновски 3, Кукоски, Талески 9, Пешевски 1, Палевски 4, Шаин 1 и Арсеновски 2.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 2 минути.

Радовиш: Паунов, Конзулов 2, Марков 4, Павловски 1, Илиев 3, Глигоров, Борисов 1, Фенов 2, Постолов, Петрушевски 3, Спасов и Блажевски 3.   Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Прочитано 856 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 11