Металург обезбеди финале во 4-тата четврт-финална група од Купот на Македонија

20.04.2018 21:13
_DSC0066_resize

Металург вечерва го совлада тимот на Вардар Јуниор и обезбеди финале во 4-тата четврт-финална група од Купот на Македонија, каде утре за противник ќе ја има екипата на Тинекс Пролет.

Металург славеше со резултат 39:25 (21:9), во натпревар во кој победникот се знаеше веќе по десетина минути игра. Само на почетокот двете екипи играа гол за гол, а потоа Металург нагло го засили притисокот, што резултираше со солидна предност веќе по првата четвртина од средбата До крајот од првото полувреме нашите ракометари направија разлика од дури 12 гола, 21:9.

Во вториот дел Александар Јовиќ ја повлече комплетната прва постава и во игра ги уфрли своите најмлади ракометари. Разликата најпрво се искачи до максималните 17 гола, 31:14, а потоа до крајот се намали на конечните +14, 39:25.

Во првата осминафинална средба, екипата на Тинекс Пролет го совлада тимот на Вардар Неготино, со резултат 40:24 (18:15). Утрешното финале е закажано со почеток во 17 часот.

.

РК Металург – РК Вардар Јуниор  39:25 (21:9)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски 3, Јагањац 3, Димитриоски 9, Токиќ 3, Шилегов 4, Серафимов 7, Кузмановски, Велковски 2, Пешевски 2, Палевски 1, Матијашиќ 2, Лазаревскии Арсеновски 3.   Седмерци: 7/9.   Исклучувања: 18 минути.

РК Вардар Јуниор: Н.Кизиќ, Димов 3, Ангелковски, Чакалиќ, Крстевски, К.Атанасовски 4, Мишевски 3, Димитров, М.Кизиќ, Петковски, Карапалевски 3, Трпчевски 5, Николовски, Димитровски, Кукувски 1 и С.Атанасовски 6.   Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 16 минути.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Огњановски Маријан од Скопје

Прочитано 284 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 10