Металург обезбеди финале во Купот на Македонија

10.05.2019 21:54
_DSC0116_resize

Металург е првиот финалист во Купот на Македонија, откако во првото полуфинале ја совлада екипата на Бутел, со резултат 34:31 (17:15).

Металург и Бутел одиграа цврст натпревар и видовме борба за секоја топка и за секој гол. Сепак, Металург сосема заслужено обезбеди финале, бидејќи во најголемиот дел од натпреварот имавме солидно водство.

Почетокот мина во израмнета борба. Металург прв поведе со два гола разлика, 3:1, ама Бутел брзо возврати и стигна до свое водство од два гола, 5:7.  Тоа како да ги налути нашите ракометари, кои го засилија темпото и, со серија од 5:0, обезбедија предност од 3 гола, 10:7. Во 26. минута имавме позитива и од 5 гола, 15:10, а потоа се случи изненадувачки пад во нашата игра при што набрзина загубивме добар дел од нашата предност. Имено, на три минути до крајот на првиот дел имавме вишок од 5 гола, имавме играч повеќе и напад, па сепак примивме дури три погодоци и првото полувреме го завршивме со скромна позитива од само два гола, 17:15.

Збунетоста на нашите ракометари продолжи и на почетокот од вториот дел. Бутел искористи се што можеше и по само 5 минути успеа да направи комплетен пресврт и да поведе со резултат 18:19. За среќа, токму тоа водство како да стана знак Металург повторно да се врати во ритам и за само десетина минути имавме повторно сигурни +5, 25:20. Иако Бутел вложи многу напор и се обиде да се врати во игра, тоа не му успеа. Металург со сигурна игра го приврши натпреварот и обезбеди победа и учество во утрешното финале. Во тимот на Металург мораме да ги истакнеме голманот Дупјачанец, кој со своите 13 одбрани во голема мера влијаеше на нашиот позитивен резултат, и Јагуриновски, кој постигна 9 голови, многу од нив во решавачки моменти, кога се кршеше резултатот

Наш утрешен противник очекувано е екипата на Вардар, која го совлада Еурофарм Работник, со резултат 35:30 (18:16).

.

РК Металург – РК Бутел Скопје  34:31 (17:15)

РК Металург: Дупјачанец (13 одбрани), Томовски, Даниловски, Јагуриновски 9, Лазаревски 1, Димитриоски 3, Токиќ 5, Шилегов, Танкоски 5, Серафимов, Младеновиќ, Шпенде 6, Пучник 3, Миличевиќ, Маџовски 2, Арсеновски.    Седмерци: 5/5.  Исклучувања: 8 мин.

РК Бутел Скопје: Блажески, Панченко, Лазароски, Трајковски, Младеновски 2, Стојановски, Ѓеоргиевски, Димовски, Спасовски, Мојсоски 4, Николов, Печенковски 5, Давидовиќ, Григориев 4, Василевски 6, Мајиќ 10.    Седмерци: 2/5. Исклучувања: 10 мин.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегати: Ацо Николовски и Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 292 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4