Металург обезбеди настап во завршницата на Купот на Македонија

22.04.2018 02:25
AND_5273_resize

Металург ја совлада екипата на Тинекс Пролет и ќе настапи на фајналфорот во Купот на Македонија. Нашите ракометари денеска славеа со резултат 29:24 (13:11).

Овие две екипи се сретнаа и пред еден месец, во рамките на првото плејоф коло и тогаш Металург славеше лесна и висока победа. Но, за разлика од тој натпревар, денеска се играше многу поизрамнет ракомет и Металург мораше да вложи многу сили за да го скрши отпорот на жилавиот противник.

Особено израмнето беше првото полувреме во кое и двете екипи имаа свои водства. Металург се обидуваше, но не успеваше да создаде посериозна разлика. Екипата на Пролет одигра одлични 30 минути и се држеше се до 25. минута, кога Металург најпосле направи серија од 4:1 и до одморот обезбеди предност од два гола, 13:11.

За разлика од првото, второто полувреме целосно ни припадна нам. Металург во ниту еден момент не го испушти водството, кое постепено го зголеми до максималните +6, 28:22, и не му дозволи на противникот да се понадева на успех во Автокоманда. Најдобар стрелец во нашите редови беше Халил Јагањац, кој постигна десет гола, сите од игра, а веднаш зад него се најде Филип Кузмановски, со седум погодока.

На две минути до крајот, поради меѓусебна расправија, беа исклучени нашиот Филип Кузмановски и Доне Мајнов екипата на Пролет.

Со оваа победа, Металург обезбеди настап во завршницата на Купот на Македонија, каде претходно пласман оствари и екипата на Еуфарм Работник.

.

РК Металург – РК Тинекс Пролет  29:24 (13:11)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски, Јагањац 10, Димитриоски, Токиќ 3, Шилегов, Серафимов 2, Кузмановски 7, Велковски 2, Пешевски 5, Палевски, Матијашиќ, Лазаревски и Арсеновски.    Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 12 минути.   Црвен картон: Филип Кузмановски во 58 минута.

РК Тинекс Пролет: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф.Василевски 3, Аларов, Јовчевски, Мајнов, А.Василевски, Ролевски 2, Гроздановски, Трајковски, Андоновски 4, Џонов 4, Дамчевски, Стојановски 1 и Манасков 10.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 10 минути.   Црвен картон: Доне Мајнов во 58 минута.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 52 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 17