Топ Вести

МЕТАЛУРГ ОБЕЗБЕДИ НОВО КУП-ФИНАЛЕ

14.05.2015 21:37
MJI_1580_resize

za tekst

Металург ја совлада екипата на Пролет во полуфиналето на Купот на Македонија и обезбеди ново учество во финалето на ова натпреварување. Металург победи со резултат 24:20 (10:9), поскромно од минатиот пат, но сосема доволно за пласман во финалето.

Денешната средба помина во рамноправна игра во текот на поголемиот дел од средбата. Металург постојано беше во водство, но Пролет секогаш наоѓаше начин да се врати во игра. Нависока предност во првото полувреме имавме во последната третина, кога беше 10:7 за нашиот тим, но на одмор заминавме со минимални 10:9.

Втотото полувреме го почнавме добро и во 38. минута поведовме со четири гола разлика, 15:11, но, пет минути подоцна, Пролет повторно се доближи на само еден гол, 16:15.

Сепак, во последните 15 минути Червар успеа да изгради цврста одбрана и Металург конечно го скрши отпорот на денес жилавиот тим на Пролет, за конечни 24:20.

Пролет – Металург 20:24 (9:10)

Пролет: Кимевски, Коруновски, Петровски, Огњановски, Николовски, Мајнов 3, Ролевски 1, Јовановски, Трајковски, Дамчевски, Димковски, Димитриевски 7, Апостоловски 1, Крстевски 1, Андоновски 5 и Стојановски 2.      Седмерци: Пролет 2/5.      Исклучувања: Пролет 8 минути.

Металург: Ефендиќ, Мисовски, Голубовиќ, Ојлески 3, Бој.Маџовски, Костески, Манасков, Бувиниќ 4, Кукоски, Крстевски, Талески 4, Војводиќ 3, Пешевски 2, Џукиќ 5, Вргоч и Стојановиќ 3.      Седмерци: Металург 4/5.       Исклучувања: Металург 8 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегати: Металари/Василев.

Прочитано 987 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =