Металург обезбеди пласман во второто квалификациско коло на Лига Европа

05.09.2020 21:35
metalurg - spachva 2020 - janevska-ilieva 37_resize

Металург вечерва е поразен во Винковци, но подобриот резултат од Скопје ни обезбеди пласман во второто квалификациско коло на Лига Европа.

Металург загуби со резултат 29:24, откако на полувреме беше 14:14.

Во првото полувреме се водеше израмнета борба, а свои периоди имаа и двете екипи. Почетокот им припадна на ракометарите на Спачва, кои дваесетина минути имаа предност од еден до три гола. Металург првпат израмни во 21. минута, со голот на Мариќ, а во 23. минута веќе ние имавме предност од два гола, 10:12, откако прецизни беа Додиќ и Поповиќ. Првото полувреме заврши со израмнети 14:14.

Во вториот дел тргнавме со погодокот на Хорват, за 14:15, а потоа цели 20 минути се играше гол за гол. Уверени во високата предност од првата средба, нашите ракометари во завршницата влегоа премногу опуштени, што резултираше со резултатска криза кај нашиот тим. Оваа криза ја искористи противникот и дојде до сериозни +5, 29:24. Сепак, резултатот од Скопје во ниту еден момент не беше дојден во опасност, а средбата на крајот заврши со победа на Спачва од 4 голови разлика.

Металург ќе настапи во второто квалификациско коло, а нашиот следен противник ќе го дознаеме веќе во вторник, кога ќе се влече ждрепката за второто коло.

.

Спачва – Металург  29:25 (14:14)

Спачва: Јуриќ, Марош, Вашаревиќ 3, Над 9, Чичак 5, Бунтиќ 5, Вигњевац 2, Блашковиќ, Пашагиќ, Михаљевиќ, Боланца 1, Д.Радовиќ, Божиќ 2, М.Радовиќ 1, Ромиќ и Недиќ 1.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 6 минути.

Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Ѓорѓески, Кондев, Канкараш 5, Поповиќ 2, Шилегов, Хорват 4, Мариќ 5, Серафимов 2, Лазаревски, Младеновиќ, Тарабокија 3, Рниќ 1, Додиќ 1, Потиќ 2 и Маркоски.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 12 минути.

Судии: Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија

Делегат: Владимир Сокол од Хрватска

Прочитано 838 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 8